Предвидете ги, подгответе се и одговорете на кризите – Инвестирајте сега во силни системи за БЗР

Пандемијата на КОВИД-19 ги соочи владите, работодавачите, работниците и пошироката јавност со досега невидени предизвици во однос на вирусот и бројните ефекти што тој ги имаше врз светот на работата. Светскиот ден на безбедност и здравје при работа ќе се фокусира на стратегии за зајакнување на националните системи за безбедност и здравје при работа (БЗР) и градење на нивната отпорност за целите на соочување со кризата сега и иднина и извлекување поуки од искуствата во светот на работата.

Откако се појави како глобална криза на почетокот на 2020 година, пандемијата на КОВИД-19 имаше тешки последици насекаде. Пандемијата го допре речиси секој аспект на светот на работата, од ризикот од пренесување на вирусот на работните места, до ризици за безбедноста и здравјето при работа што се појавија како резултат на мерките за ублажување на ширењето на вирусот. Поместувањата кон новите форми на работни аранжмани, како што е широко распространетото потпирање врз работата на далечина, на пример, понудија многу можности за работниците но и претставија потенцијали ризици за БЗР, вклучувајќи ги особено психосоцијалните ризици и ризиците од насилство.

Светскиот ден на безбедност и здравје при работа во 2021 година се фокусира на искористувањето на елементите на системот за БЗР што се утврдени во Конвенцијата за промотивната рамка за безбедност и здравје при работа, 2006 г. (бр. 187). Извештајот по повод овој светски ден испитува како тековната криза упатува на важноста на јакнењето на овие системи за БЗР, вклучувајќи ги службите за медицина на трудот, како на национално ниво, така и на ниво на претпријатија.

МОТ ќе ја искористи оваа можност за подигнување на свеста и поттикнување на дијалогот за важноста на создавањето и вложувањето во отпорни системи за БЗР извлекувајќи поуки од регионалните и националните примери за ублажување и спречување на ширењето на КОВИД-19 на работа.

 

Извештај за Светскиот ден на безбедноста и здравјето при работа 2021

Предвидете ги, подгответе се и одговорете на кризите – Инвестирајте сега во силни системи за безбедност и здравје при работа 

Во овој извештај се разгледуваат елементи на силни системи за БЗР. Извештајот дава примери од пандемијата предизвикана од КОВИД-19 за да се истакне начинот на кој системите за БЗР може да се зајакнат по криза, со што овие системи ќе можат да се соочат со невидени предизвици во иднина и да ја заштитат безбедноста и здравјето на работниците, а притоа да го поддржат опстојувањето и деловниот континуитет на претпријатијата.

Прочитајте го целиот извештај на англиски јазик на следниов линк: https://socijalendijalog.mk/wp-content/uploads/2021/04/wcms_780927.pdf 

Резиме на извештајот на македонски јазик: https://socijalendijalog.mk/wp-content/uploads/2021/04/SafeDay_Leaflet_Final_Clean_MK-23-April-small.pdf