Работни спорови

Индивидуални работни спорови

Индивидуален работен спор е спор по повод откажување на договорот за вработување и неисплата на плата. Арбитер се смета лицето кое одлучува за предметот на индивидуалниот спор. Ако меѓу страните во индивидуалниот спор тече судска постапка од иста правна и фактичка основа, страните во спорот се должни на судот заеднички да му поднесат барање за […]

Колективни работни спорови

Колективен работен спор се смета спор по повод склучување, измена, дополнување или примена на колективен договор, остварување на правата на синдикално организирање и штрајк. Помирувач се смета лице кое дава помош на страните во колективниот спор со цел да склучат спогодба за решавање на спорот. Постапката за помирување на колективниот спор се води пред Одборот […]

Постапка

Стручно-административните работи во врска со мирното решавање на колективните и индивидуалните спорови ги врши Министерството за труд и социјална политика. Постапката за мирно решавање на работен спор се покренува со поднесување предлог во писмена форма до МТСП. Страните во спорот може заеднички или поединечно да го поднесат предлогот, кој содржи име, презиме и адреса, односно […]

Основни начела

Мирното решавање на работните спорови се заснова на начелата на доброволност, неутралност и непристрасност.