За да имаш добар персонал – грижи се добро за персоналот!

Дел од атмосферата од настаните во форма на „отворени ресторани“, кои беа одржани во Охрид и Струга на 22 и 23 јули 2021 година, со цел промовирање на мерката за намалување на бирократските процедури при пријавување на сезонските работници. Oваа мерка е дел од кампањата за борба против неформалната работа во рамки на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, имплементиран од Меѓународната организација на трудот и финансиран од Европската Унија.