На онлајн средбата за вмрежување на Локалните економско-социјални совети, корисници на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, одржана преку платформата ZOOM на 28ми септември 2021 година, се презентираа главните наоди од дијагностиките на локалниот пазар на труд за секоја од општините, и се разгледаа идните чекори за реализација на дадените препораки. Презентацијата на оваа тема ја водеа г-а Даниела Ѕампини, Виш специјалист на МОТ за вработување, и г-а Благица Петрески од ФајнансТинк.
Во рамки на вториот дел беше претставена новата, надградена платформа less.mk, проследена со обука за користење на истата за секоја од општините.