КСС – Повик за експерт за реализација на обуки

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) објавува повик за ангажирање на експерти за реализација на обуки во рамките на прокетот ,,Бесплатна правна помош за сите членови” кој е финансиран преку Зајакнување на социјалниот дијалог, проект кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија.

На линкот подолу може да најдете повеќе информации за повикот кој се однесува на ангажман на експерти од темите работно законодавство, детално разработување на законите за вработените во јавниот сектор, како и обработка на законодавството за вработените во приватниот сектор, општите колективни договори, обука за пишување решенија, жалби, приговори, поднесоци и сл. за прекршување на права од работен однос, обработка на законите за повреда на работно место и безбедноста и здравјето при работа.

http://kss.mk/%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%b5%d0%ba%d1%81%d0%bf%d0%b5%d1%80%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d1%80%d0%b5%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d0%b7%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%b1%d1%83/