Како влијаеше пандемијата врз работниот живот? Погледнете во видеото на Меѓународната организација на трудот

Кон средината на јуни 2020г., Канцеларијата на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа разговараше со луѓе од различни сектори за тоа како пандемијата влијае на нивниот работен живот. Интервјуата покажуваат дека луѓето не само што изгубиле значителен дел од својата работа и своите приходи поради мерките за изолација и ограничено движење, туку се соочуваат и со нарушен баланс меѓу приватниот живот и работата, зголемен стрес и неизвесност за иднината.