ВОВЕД И ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Економско-социјалниот совет (ЕСС) е единствената трипартитна институција за социјален дијалог на национално ниво, со консултативна улога за Владата при развој и спроведување на економско-социјални политики. ЕСС има советодавна улога и дава мислења и препораки до Владата за прашања поврзани со економскиот развој; политики за пазарот на трудот; политики за плати и цени во областа на трудовото и социјалното осигурување; социјална заштита; здравствена заштита; животна средина; фискална политика; работни услови и здравје и безбедност при работа; образование; култура; професионален развој, стручна обука и други области од економско-социјален интерес за работодавачите и работниците.
Општата цел на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог е подобрување на социјалниот дијалог како средства за создавање повеќе и подобри работни места.
Компонента 1 има за цел да се подобри функционирањето и видливоста на ЕСС преку развивање на методи за зголемување на влијанието на ЕСС и надминување на предизвиците со финансирање, давање мислења и следење на последователните активности од препораките/мислењата/советите.
Повеќе информации можете да најдете на: https://socijalendijalog.mk/wp-content/uploads/2021/05/Invitation-to-Tender-Campaign-informal-economy-mk.pdf