Индивидуален работен спор е спор по повод откажување на договорот за вработување и неисплата на плата.
Арбитер се смета лицето кое одлучува за предметот на индивидуалниот спор.
Ако меѓу страните во индивидуалниот спор тече судска постапка од иста правна и фактичка основа, страните во спорот се должни на судот заеднички да му поднесат барање за прекин на постапката.
Арбитерот е должен да закаже расправа во рок од три дена од денот на приемот на предлогот и документацијата. Расправата се оджува во присуство на страните во спорот и арбитерот. Секоја страна во спорот може да го повлече предлогот за покренување постапка пред арбитерот најдоцна до денот на отворањето на расправата.
Страните во спорот имаат право пред арбитерот да се изјаснат за предметот на спорот и да одговараат на наводите на другата страна во спорот. Страните во спорот имаат право да даваат завршен збор на расправата.
Арбитерот донесува решение за предметот на спорот во рок од 30 дена од денот на отворањето на расправата. Против решението не е дозволена жалба. Решението е правосилно и извршно со денот на доставувањето на страните во спорот. Страните во спорот се должни да го известат судот за донесувањето на решението, ако постапката пред судот е прекината.