Вебинари за активација на корисниците на ГМП и за младинска гаранција

На барање на Министерството за труд и социјална политика, проектот на Меѓународната организација на трудот, финансиран од Европската Унија, Зајакнување на социјалниот дијалог, организираше два вебинара во рамките на своите активности за зајакнување на капацитетите на постојаните комисии при Економско-социјалниот совет. Темите на вебинарот беа Стратегија за активација на корисниците на ГМП (гарантирана минимална помош) и младите на пазарот на трудот.

Вебинарот за Активација на корисниците на ГМП, кој се одржа на 4 октомври, имаше за цел упатување на потребата од и изнаоѓање решенија за меѓуинституционална координација и соработка при активацијата на корисниците на ГМП.

Вториот вебинар, одржан на 5 октомври, се однесуваше на младинската гаранција, предизвиците при креирање и спроведување на политики и клучните карактеристики на зајакнатата младинска гаранција.