На 14 април 2022 г., Меѓународната организација на трудот и Здружението за трудово и социјално право на Северна Македонија ја презентираа Анализата за усогласеноста на македонското законодавство со Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот за елиминирање на насилството и вознемирувањето во светот на работата, бр. 190.
Анализата за усогласеноста на македонското законодавство со Конвенцијата на МОТ бр. 190 беше изготвена во насока на одлуката на Економско-социјалниот совет за поддршка на иницијативата за ратификација на именуваната конвенција. Крајната цел на работилницата е да помогне во напорите за ратификација на Конвенцијата, и при подготовката на новите законски решенија за вознемирување и насилство при работа.