На 14 октомври 2021г., Организацијата на работодавачи на Македонија го одржа првиот од низата планирани деловни појадоци за средба со претставници на бизнисот со цел размена на мислења и идеи од кои ќе произлезат предлози за подобрување на регулативата во областите кои се од интерес на работодавачите и бизнис заедницата.
Овој прв деловен појадок се фокусираше на предизвиците со кои се соочуваат работодавачите со дефицитот на работна сила и образовните реформи прилагодени кон потребите на стопанството.
На следниов линк прочитајте го соопштението од ОРМ: https://socijalendijalog.mk/wp-content/uploads/2021/10/Soopstenie_ORM_Deloven-pojadok_Struga_14.10.2021.pdf
Организацијата на деловните појадоци е поддржана од проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, што е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот (МОТ) во рамките на проектните активности за комуникација и видливост на социјалните партнери.