Согласно утврдените активности од проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот, а во насока на зајакнување на капацитетите на Економско-социјалниот совет, во периодот 16 март до 1 април 2021 г., преку платформата Zoom се организираа серија вебинари на тема Вештини за колективно договарање и Вештини за градење консензус во услови на криза.
Општата цел на оваа активност е развој на капацитетите на трипартитните конституенти, со цел да ги подобрат своите преговарачки вештини, како и дискусија на теми од важност, особено во услови на кризата предизвикана од Ковид-19. Презентери и фасилитатори на дискусијата беа г-а Кристина Михеш, виш специјалист на МОТ за социјален дијалог, колективно договарање и трудово законодавство, и г. Силван Бафи, од Меѓународниот центар за обука на МОТ од Торино (ITCILO).