ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ЕКСПЕРТИЗА ВО ОБЛАСТА НА ЦЕЛИТЕ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

ВОВЕД И ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Во повеќе извештаи за напредокот од Европската комисија се укажува на потребата за натамошен развој на социјалниот дијалог меѓу главните актери во економијата. Во оваа насока, Меѓународната организација на трудот и помага на земјата во нејзините напори за унапредување на социјалниот дијалог како суштински елемент на Европскиот социјален модел, што ги промовира конкурентноста, споделувањето на користите и зајакнувањето на економскиот просперитет и социјалната добросостојба. Оваа помош е канализирана преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, што се финансира од Европската унија и се спроведува од Меѓународната организација на трудот.

Општата цел на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог е подобрување на социјалниот дијалог како средство за создавање повеќе и подобри работни места. Ова ќе се оствари преку зајакнување на институциите и законодавството, како и со активности насочени кон зајакнување на капацитетите на трипартитните засегнати страни за нивна ефективна вклученост во социјалниот дијалог. Проектот се состои од три конкретни компоненти, имено:

Конкретна цел 1 Зголемено учество на ЕСС во обликување на националната агенда за економско-социјална реформа
Конкретна цел 2 Зголемено учество на локалните ЕСС во формулирање и спроведување на локални политики за вработување
Конкретна цел 3 Зголемена ефективност на организациите на работодавачи и на работници

 

Компонента 1 има за цел подобрување на функционирањето и видливоста на ЕСС преку развивањена методи за зголемување на влијанието на ЕСС и надминување на предизвиците со финансирање, давање мислења и следење на последователните активности од препораките/мислењата/советите. Со активноста ќе се олесни националното размислување околу потребните промени во тековните законски и институционални рамки на ЕСС и ќе им се помогне на трипартитните чинители во процесот на барање соодветни решенија за тековните законски и практични тесни грла.

Повеќе информации можете да најдете на: Activity 1.1.2 – Call for Expression of Interest – SDGs_MKD