Извештај од процената на влијанието на КОВИД-19 врз работните места

Денес, МОТ и ЕБОР објавија процена на  влијанието на КОВИД-19 врз работните места во Северна Македонија. Извештајот покажува дека безбедносните мерки на изолација и ограничено движење сериозно влијаеја врз работните места, ги проценува досегашните мерки преземени од страна на Владата и нуди препораки за политики што наредно да се преземе.

Целта на работниот тим на МОТ/ЕБОР за КОВИД-19 и светот на работата, формиран на почетокот на здравствената криза, беше дополнително да му помогне на Економско-социјалниот совет во донесување информирани мислења и предлози за развиените мерки на политики за глобалната пандемија која предизвика сериозни економски последици.

Според процената на МОТ, само во второто тромесечје од 2020 година загубени се работни часови еквивалентни на 85.550 работни места со полнo работно време. Во своите најнови прогнози, ЕБОР во мај очекува пад во економијата во Северна Македонија во 2020 година за 3,5 проценти, пред нејзино закрепнување во 2021 година од 5,5 проценти.

Извештајот исто така покажува дека иако некои работни места се само привремено ограничени, други траjно ќе се изгубат. Според анкетата на претпријатијата спроведена од страна на организациите на работодавачи, во соработка со МОТ и ЕБОР, пандемијата сериозно погоди 82 проценти од претпријатијата. 43% пријавиле намалување на приходите за 50% или повеќе, а 11% привремено ги затвориле своите компании. Микро компаниите се најтешко погодени од кризата, при што 50 проценти изјавиле дека нивните приходи се преполовиле, а 19 проценти морале да го затворат бизнисот.

40.000 работни места се изложени на директен ризик и без соодветни мерки за поддршка на овие работници и претпријатија, стапката на вработеност во Северна Македонија би можела веднаш да падне за околу 5 процентни поени. Главните мерки за задржување на работните места, донесени од Владата, беа навремени, но интензитетот на поддршката можеби е премногу низок за да се постигнат посакуваните влијанија.

Креирањето работни места и заштитата на бизнисите е целта на препораките што ги изработи работниот тим. Извештајот содржи низа предлози за да се постигне таа цел. Опциите за проширување на мерките за заштита на работниците и семејството го вклучуваат следново:

∙    Воведување на привремена помош во случај на невработеност со поопширни критериуми за квалификување, со плаќање на паушален износ на месечно ниво во времетраење од најмногу 6 месеци

∙    Воведување на проширена категорија на фими кои би се квалификувале за мерките за задржување на работните места.

∙    Проширување на периодот за квалификување на програмата за задржување на работните места со вклучување на втората половина од март и до крајот на јуни.

∙    Дополнително проширување на критериумите за квалификување за гарантираниот минимален приход, и

∙    Воведување на паушален износ на субвенции за режиски трошоци/електрична енергија за домаќинства со ниски приходи.

Опциите за активни мерки за вработување вклучуваат промовирање на шеми за делење на работно место, ротирање на работното место и шеми за стажанти, како и инвестиции во дигиталната економија. Начините за поддршка на претпријатијата вклучуваат поголем пристап до финансии, административна поддршка и социјален дијалог помеѓу релевантните чинители.

Овој извештај е изработен во рамките на проектот на Меѓународната организација на трудот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, финансиран од Европската унијa.

Извештајот може да го најдете на:

https://socijalendijalog.mk/wp-content/uploads/2020/05/Macedonia_Assessment_FINAL.pdf