ВОВЕД И ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Општата цел на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог е да се подобри социјалниот дијалог како средство за создавање повеќе и подобри работни места. Ова ќе се постигне преку институционални и законодавни подобрувања, заедно со активности наменети за зајакнување на капацитетите на трипартитните актери за ефективно вклучување во социјален дијалог. Проектот се состои од три посебни компоненти, поточно:
| Посебна цел 1 | Зајакнато учество на ЕСС во обликувањето на националната програма за економски и социјални реформи |
| Посебна цел 2 | Зголемено учество на локалните ЕСС во формулирањето и спроведувањето на локалните политики за вработување |
| Посебна цел 3 | Зголемена ефективност на синдикатите и организациите на работодавачите |
Повик за доставување понуди во рамките на компонента 3: Зголемена ефективност на синдикатите
Оваа покана за поднесување понуди е наменета за изнаоѓање компании кои обезбедуваат услуги и се заинтересирани да придонесат кон дизајн и создавање на корпоративен идентитет за Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Рокот за доставување на понудите за изготвување визуелен идентитет на ССМ е продолжен до среда, 4 ноември 2020 г.
Повеќе информации на следниот линк:
https://socijalendijalog.mk/wp-content/uploads/2020/10/Povik-za-dostavuvane-ponuda.pdf
