Проектот Зајакнување на социјалниот дијалог официјално ќе отпочне на церемонија на која ќе бидат присутни претставници од Европската Унија, Министерството за труд и социјална политика, синдикатите и организациите на работодавачи. Целта на проектот е подобрување на социјалниот дијалог како средство за креирање на повеќе и подобри работни места. Проектот ќе го поддржи учеството на институциите за социјален дијалог во процесот на креирање политики на национално и локално ниво, како и праксата на редовно советување преку националниот и локалните економско-социјални совети и креирањето на услови за социјалните партнери за нивна подобра подготвеност при обезбедување квалитетни совети за политики и обезбедување услуги базирани на побарувачката.















