Работилница за преговарање и спроведување на Локални партнерства за вработување (ЛПВ)

Проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот, чија цел е зајакнување на Локалните економско-социјални совети, организира работилница за презентирање на практично искуство, позитивни аспекти и предизвици при преговарање и спроведување на ЛПВ. За време на работилницата, на учесниците ќе им се презентираат најдобрите практики на Проектот за ЛПВ на МОТ во Босна и Херцеговина, како и концепт идеи, улогата на засегнатите страни, распределбата на задачи и распределбата на буџет. Настанот треба да придонесе кон подобро разбирање на ЛПВ и да ги зголеми капацитетите на апликантите во развој на проекти во кои би биле вклучени повеќе засегнати страни.