Tрипартитна работилница за поволна бизнис клима за развој на одржливи претпријатија

Една од активностите во рамки на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот, е Трипартитно истражување на критичните области за поволна бизнис-клима за одржливи претпријатија (EESE). Направена е компаративна анализа на состојбите и реализираните реформи во периодот 2013/14 до 2019 г., во петте области избрани како суштински за водење одржлив бизнис во земјата: Овозможувачка правна и регулаторна средина; Владеење на правото и обезбедени права на сопственост; Пристап до финансиски услуги; Лојална конкуренција; и Претприемачка култура.

Новото истражување на критичните област за поволна бизнис-клима за одржливи претпријатија ќе биде под надлежност на Економско-социјалниот совет, со цел проактивно промовирање на иницијативите за поддршка на реформите во деловната средина, и ќе се фокусира на утврдување нови клучни приоритети за одржливи претпријатија, од гледна точка на владата, работодавачите и на работниците.

Трипартитната средба за претставување на концептот за поволна бизнис-клима за одржливи претпријатија, презентација на клучните наоди од анализата и утврдување на новите приоритети се одржа на 17 април, во хотел Солун.