Трипартитна работилница – Кон систем за предвидување на потребни вештини

Проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот, со цел зајакнување на капацитетите на Економско-социјалниот совет, организира трипартитна работилница Кон систем за предвидување на потребни вештини во земјата. Работилницата ќе се организира во соработка со Европската фондација за обуки (ETF). Општата цел е развој на предлози за подобрување на меѓуинституционалната координација која е потребна за ефективен и сеопфатен систем за предвидување и усогласување на потребни вештини во земјата.