Трипартитна работилница за утврдување најдобри практики кои се однесуваат на Економско-социјалниот совет

Согласно договорените активности од проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот, направена е компаративна анализа на суштинските аспекти од работењето на ЕСС во Северна Македонија и на националните институции за социјален дијалог во избрани земји-членки на ЕУ, со посебен  фокус на значењето, оперативниот процес, квалитетот на обезбедените услуги, начинот на финансирање и влијанието.

Наодите од оваа анализа ќе послужат како основа за Владата и соцјалните партнери при процесот на креирање на трипартитниот акциски план за социјален дијалог, поддржан од Меѓународната организација на трудот.

Покрај ова, експертите на МOТ ќе го поддражат секретаријатот на ЕСС во процесот на поставување механизам за собирање податоци, како и при утврдување на практиката за набљудување и проценка на влијанието кое произлегува од економските, социјалните и трудовите реформи.