Oбука за подготовка и управување со проекти

Во делот од активностите на проектот финансиран оф ЕУ и споведуван од МОТ, Зајакнување на социјалниот дијалог, за модернизирање на услугите што ги обезбедуваат социјалните партнери како и поддршка за локалните економско-социјални совети вклучени во Локалните партнерства за вработување,  во периодот од 14 до 18 октомври, во хотел Арка, беше организирана обука за подготовка и управување со проекти, спроведена од страна на експерт на темата кој доаѓа од Меѓународниот центар за обуки (ITC) на МОТ во Торино.

Оваа активност комбинира три фази од кои првата е учење од далечина, проследена од работилница и заокружена со тековни конуслтативни сесии каде се разгледуваат и оценуваат проектите изработени од учесниците.

Обуката им обезбеди на учесниците практичен пристап кој ќе им помогне при препознавање и дизајнирање на реални, сеопфатни и солидно структуирани проекти. Целта е на крајот на оваа активност, учесниците да имаат изработено целосни проектни документи.