Потребата од социјален дијалог при справување со кризата предизвикана од КОВИД-19

Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 и нејзините далекусежни економско-социјални последици повикува на ефективен трипартитен социјален дијалог и соработка меѓу владата и организациите на работодавачите и на работниците при креирање на ефективни стратегии и политики за справување со влијанието на кризата.

Социјалниот дијалог и трипартизмот може да се двигатели за економска и социјална отпорност, конкурентност, стабилност и инклузивен раст и развој. Процените на МОТ за одговорите на земјите на кризата предизвикана од КОВИД-19 укажуваат на фактот дека социјалниот дијалог успешно се користи во раните фази од одговорот на кризата во многу земји. Социјалниот дијалог им помага на трипартитните партнери во постигнување на консензус за мерките за заштита на работниците и претпријатијата, особено оние кои се тешко погодени од кризата, и во промовирање на заздравувањето од кризата.

Краток преглед на политики