Официјален настан за означување на почетокот на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог

Проектот Зајакнување на социјалниот дијалог официјално ќе отпочне на церемонија на која ќе бидат присутни претставници од Европската Унија, Министерството за труд и социјална политика, синдикатите и организациите на работодавачи. Целта на проектот е подобрување на социјалниот дијалог како средство за креирање на повеќе и подобри работни места. Проектот ќе го поддржи учеството на институциите за социјален дијалог во процесот на креирање политики на национално и локално ниво, како и праксата на редовно советување преку националниот и локалните економско-социјални совети и креирањето на услови за социјалните партнери за нивна подобра подготвеност при обезбедување квалитетни совети за политики и обезбедување услуги базирани на побарувачката.