Прва средба на локалните економско-социјални совети

Проектот ќе ја организира првата средба на локалните економско-социјални совети како дел од своите проектни активности. На средбата ќе се презентираат проектните активности поврзани со локалните економско-социјални совети, концептот за локални партнерства за вработување и улогата на ЛЕСС-те како двигатели на партнерствата за вработување, и ќе се утврди платформа за развој на соодветни интервенции договорени од повеќе чинители на пазарот на трудот со цел да се развијат локални решенија за специфични предизвици поврзани со вработувањето на општинско или регионално ниво.