Повик за предлог – проектни концепти: Грантови за модернизирање на постојните и развој на нови услуги

ВОВЕД

Во повеќе извештаи за напредокот од Европската комисија се укажува на потребата за натамошен развој на социјалниот дијалог меѓу социјалните партнери во Северна Македонија.  Во оваа насока, Меѓународната организација на трудот и помага на земјата во нејзините напори за унапредување на социјалниот дијалог како суштински елемент на Европскиот социјален модел, што ги промовира конкурентноста, споделувањето на користите и зајакнувањето на економскиот просперитет и социјалната добросостојба. Оваа помош се канализира преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската унија и имплементиран од Меѓународната организација на трудот.

Општата цел на проектот  Зајакнување на социјалниот дијалог  е подобрување на социјалниот дијалог како средство за создавање повеќе и подобри работни места. Ова ќе се оствари преку зајакнување на институциите и законодавството, како и со активности насочени кон зајакнување на капацитетите на трипартитните засегнати страни за нивна ефективна вклученост во социјалниот дијалог. Проектот се состои од три конкретни компоненти, имено:

 

Конкретна цел 1 Зголемено учество на ЕСС во обликување на националната агенда за економско-социјална реформа
Конкретна цел 2 Зголемено учество на локалните ЕСС во формулирање и спроведување на локални политики за вработување
Конкретна цел 3 Зголемена ефективност на организациите на работодавачи и на работници

 

Искуството на МОТ со организациите на работодавачи во ЦИЕ покажува дека деловниот модел на организациите на работодавачи не може долгорочно да се одржи доколку изворот на приходи е само од членарини. Понудата на квалитетни услуги е елементарна во задоволувањето на потребите на членовите и во нивно задржување, но исто така и во проширување на членството на организацијата  преку регрутирање нови компании и членови. Дополнително, преку создавање простор за да се сфатат потребите на членовите, да се идентификуваат тековните проблеми и да се развиваат решенија, понудата на услуги станува начин за поддршка на развојот и имплементацијата на политиките и потенцијално засилување на напорите за лобирање на организациите на работодавачи.

Синдикатите се борат да добијат сила и импулс со цел да создадат поистакнати и репрезентативни организации што подобро ќе ги претставуваат работниците на национално, гранково ниво и ниво на претпријатие, и постои потреба од подобрување на опсегот и квалитетот на нивните услуги кон членовите, како и потребата јавноста поблиску да се запознае со нивната работа.

Ова, пак, може да доведе до засилување на застапеноста на социјалните партнери и нивното влијание во рамки на социјалниот дијалог и процесите на регулирање на политиките.

Со цел да ги поддржи социјалните партнери, МОТ објавува повик за предлог-концепти за проект за корисниците на проектот – социјални партнери, за модернизирање на постојните и развој на нови услуги, насочени кон зголемување на нивната релевантност, влијание и видливост.

Повеќе информации можете да најдете на: https://socijalendijalog.mk/wp-content/uploads/2020/02/SP-Grants-Call-for-Concept-Note-Proposals_mk.pdf