Хоризонтална процена меѓу Локалните економско-социјални совети

Со цел зајакнување на локалните економско-социјални совети, проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот, спроведе низа мисии за хоризонтална процена меѓу ЛЕСС-те во земјата, во периодот од 6 до 13 јуни, во следниве општини: Ресен, Битола, Велес, Штип, Куманово, Свети Николе, Струга, Кичево, Скопје, Тетово, Струмица и Радовиш.

Целта на мисиите за хоризонтална процена е да се оцени функционирањето на ЛЕСС-те, да се утврдат и мултиплицираат добри практики и иновативни решенија и да се олеснат дискусиите меѓу ЛЕСС-те за тоа како да се надминат заедничките предизвици, да се споделат искуства и добри практики. Претставници од два ЛЕСС-а, секој ЛЕСС составен од по пет члена, во придружба со член од МОТ, посетија друг ЛЕСС, и на тој начин секој ЛЕСС беше домаќин на хоризонтална процена од два други ЛЕСС-а. Од оваа активност ќе произлезе сеопфатен извештај за состојбата со препораки за справување со утврдените предизвици.