Панел-дискусија за Оперативниот план за вработување

Со поддршка од проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот,  Министерството за труд и социјална политика, на 16ти октомври 2019 г. ја одржа третата регионална средба во Скопје за креирање на новиот оперативен план за активни мерки за вработување за 2020 година.

Претставници на Министерството за труд и социјална политика како и претставници на Агенцијата за вработување, директно инволвирани во процесот на подготовка на предметниот оперативен план ја отворија дискусијата со останатите засегнати чинители од регионов, имено Скопје и Куманово и ги отпочнаа консултациите  со локалните економско-социјални совети и социјалните партнери пошироко, со акцент на локалните предизвици и изнаоѓањето заеднички решенија.