Панел-дискусија во општина Струмица за Оперативниот план за вработување

Со поддршка од проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот,  Министерството за труд и социјална политика, на15ти ноември 2019 г. одржа регионална средба во општина Струмица за креирање на новиот Оперативен план за активни мерки за вработување за 2020 година.

Претставници на Министерството за труд и социјална политика како и претставници на Агенцијата за вработување, директно инволвирани во процесот на подготовка на предметниот оперативен план ја отворија дискусијата со останатите засегнати чинители од регионот, чиј одзив ги надмина очекувањата на организаторите. Гореспоменатите претставници и оние од деловните заедници од Струмица, Радовиш, Делчево, Свети Николе, Штип и Гевгелија ги отпочнаа консултациите со локалните економско-социјални совети и социјалните партнери пошироко, со акцент на локалните предизвици и изнаоѓањето заеднички решенија.