Панел-дискусија во општина Битола за Оперативниот план за вработување

Со поддршка од проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот,  Министерството за труд и социјална политика, ја одржа втората регионална средба во Битола за креирање на новиот оперативен план за активни мерки за вработување за 2020 година.

Конкретните предлози се очекува да произлезат од Локалниот економско социјален совет и стопанствениците од Битола, Ресен, Кавадарци, Велес, Демир Хисар и Прилеп кои треба да ги дадат своите сугести за реалните потреби на пазарот на труд.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска и останатие засегнати чинители ги отпочнаа консултациите  со локалните економско-социјални совети од пелагонискиот и вардарскиот регион, со акцент на локалните предизвици и изнаоѓањето заеднички решенија.