ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ: ДИЗАЈН И СОЗДАВАЊЕ НА КОРПОРАТИВЕН ИДЕНТИТЕТ ЗА СОЈУЗОТ НА СИНДИКАТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА – ССМ

ВОВЕД И ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Општата цел на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог е да се подобри социјалниот дијалог како средство за создавање повеќе и подобри работни места. Ова ќе се постигне преку институционални и законодавни подобрувања, заедно со активности наменети за зајакнување на капацитетите на трипартитните актери за ефективно вклучување во социјален дијалог. Проектот се состои од три посебни компоненти, поточно:

Посебна цел 1 Зајакнато учество на ЕСС во обликувањето на националната програма за економски и социјални реформи
Посебна цел 2 Зголемено учество на локалните ЕСС во формулирањето и спроведувањето на локалните политики за вработување
Посебна цел 3 Зголемена ефективност на синдикатите и организациите на работодавачите

Повик за доставување понуди во рамките на компонента 3: Зголемена ефективност на синдикатите

Оваа покана за поднесување понуди е наменета за изнаоѓање компании кои обезбедуваат услуги и се заинтересирани да придонесат кон дизајн и создавање на корпоративен идентитет за Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Повеќе информации на следниот линк:

https://socijalendijalog.mk/wp-content/uploads/2020/10/Povik-za-dostavuvane-ponuda.pdf