Вовед
Во повеќе извештаи за напредокот од Европската комисија се укажува на потребата за натамошен развој на социјалниот дијалог меѓу главните чинители во економијата. Во оваа насока, Меѓународната организација на трудот ù помага на земјата во нејзините заложби за унапредување на социјалниот дијалог како суштински елемент на Европскиот социјален модел, што ги промовира конкурентноста, споделувањето на придобивките и зајакнувањето на економскиот просперитет и социјалната добросостојба. Оваа помош се канализира преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија и имплементиран од Меѓународната организација на трудот.
Општата цел на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог е подобрување на социјалниот дијалог како средство за создавање повеќе и подобри работни места. Ова ќе се оствари преку зајакнување на институциите и законодавството, како и со активности насочени кон зајакнување на капацитетите на трипартитните засегнати страни за нивна ефективна вклученост во социјалниот дијалог. Проектот се состои од три конкретни компоненти, имено
Конкретна цел 1 | Зголемено учество на ЕСС во обликување на националната агенда за економско-социјална реформа |
Конкретна цел 2 | Зголемено учество на локалните ЕСС во формулирање и спроведување на локални политики за вработување |
Конкретна цел 3 | Зголемена ефективност на организациите на работодавачи и на работници |
Бизнис конфедерација на Македонија (БКМ) е основана во 2001 година како здружение на работодавачи кое ги истакнува, претставува и поддржува интересите на своите членови и интересите на бизнис-заедницата во земјата. Денес, членството на БКМ се состои од 13 деловни здруженија, со две регионални канцеларии во Прилеп и Тетово и седиште во Скопје. Освен претставување и застапување на интересите на своите членови, БКМ е катализатор на ставот на деловната заедница и двигател на социјалниот дијалог и индустриските односи во земјата.
Знаењето и ставовите на БКМ се темелат на постојана комуникација со нејзините членови – длабински и детални анализи и мерења на состојбите во различни општествени сфери на локално, регионално и национално ниво.
Средните и долгорочните приоритети на БКМ се фокусираат на: континуирано подобрување на деловната клима, поддршка на претприемништвото, поддршка на микро, мали и средни претпријатија (ММСП), кои ја формираат основата за економскиот раст и намалување на невработеноста, како и на унапредување на човечкиот капитал во економијата преку обука и едукација.
МОТ и БКМ успешно соработуваат на различни проекти. Како дел од својата комуникациска стратегија, БКМ, со поддршка од проектот на Меѓународната организација на трудот, Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, ќе организира две виртуелни работилници за финансиска писменост – тема што е од значење за членовите на БКМ.
Овој повик за изразување интерес е наменет за консултант и/или консултантска фирма со искуство во областа на економијата, кои би биле заинтересирани да ги реализираат задачите детално опишани на следниот линк: https://socijalendijalog.mk/wp-content/uploads/2021/10/Call-for-Expression-of-Interest-Financial-Literacy-MK.pdf