Светски лидери на Меѓународната конференција на трудот по повод стогодишнината на МОТ

По повод стогодишнината на МОТ, од 10 до 21 јуни 2019 год. се одржува 108-мата Cедница на Меѓународната конференција на трудот , на две локации во Женева, Палатата на нациите и седиштето на МОТ, каде повеќе од 5000 делегати од 187 земји и повеќе од 45 светски лидери учествуваат во дискусиите за справување со неодложните прашања од светот на работата.

Меѓународната конференција на трудот е највисоко тело на МОТ за донесување одлуки. Се состанува еднаш годишно, спојувајќи ги трипартитните делегации од 187 земји-членки на Организацијата и голем број набљудувачи од други меѓународни актери, со цел да разгледаат серија теми ставени на дневен ред од страна на раководното тело на МОТ.

Конференцијата е составена од пленарната седница и бројни комитети формирани за да ги разгледуваат постојаните елементи од агендата на Конференцијата, и технички комитети кои пак се справуваат со техничките елементи. Детали за секој постојан и технички комитет се достапни на страницата Комисии на дневен ред.

Повеќе детали во однос на работата на Конференцијата, можете да најдете на следниов линк: https://www.ilo.org/ilc/ILCSessions/108/WCMS_686988/lang–en/index.htm