Прв состанок на Управниот одбор на проектот

Проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го финансира Европската Унија а го спроведува Меѓународната организација на трудот, ќе го одржи првиот состанок на управниот одбор за да се валидираат членовите на Управниот одбор, да се презентираат проектните активности и да се презентира, дискутира и усвои составот и начинот на работење на УО. Со своето трипартитно членство, како и со вклучување на сите релевантни чинители, целта на УО е обезбедување на стратешко, политичко и техничко водство на проектот, следење на напредокот и обезбедување поддршка во надминување какви било пречки во спроведувањето, доколку се појават пречки.