Финална панел-дискусија за Оперативниот план за вработување

Со поддршка од проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот,  Министерството за труд и социјална политика, ја одржа последната регионална средба во Скопје, на 22ри ноември 2019 г. која се однесува на новиот оперативен план за активни мерки за вработување за 2020 година.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, ги продолжија и заокружија онсултациите со локалните економско-социјални совети од регионот, високи претставници на социјалните партнери и останати засегнати чинители со акцент на локалните предизвици и изнаоѓањето заеднички решенија.