Дијалог за транзиција кон формалност

Во рамки на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот, во периодот 8-9 октомври, во хотел Солун, се спроведе работилница на тема Дијалог за транзиција кон формалност.

На предметната тема дискутираа експерт на МОТ од Женева за неформална економија, поддржан од национални експерти кои ги презентираа резултатите од претходно спореведената анализа на реалната состојба со претставници на социјалните партнери и останати засегнати институции.

Трипартитната работилница се фокусираше на разгледување на моменталната состојба со неформалната економија во Северна Македонија, националната стратегија и акцискиот план за формализација, како и на преглед и дискусија за пристапи и алатки што може да се применуваат во транзицијата кон формалност.