Деловен појадок на Организација на работодавачи на Македонија

На 14 октомври 2021г., Организацијата на работодавачи на Македонија го одржа првиот од низата планирани деловни појадоци за средба со претставници на бизнисот со цел размена на мислења и идеи од кои ќе произлезат предлози за подобрување на регулативата во областите кои се од интерес на работодавачите и бизнис заедницата.

Овој прв деловен појадок се фокусираше на предизвиците со кои се соочуваат работодавачите со дефицитот на работна сила и образовните реформи прилагодени кон потребите на стопанството.

На следниов линк прочитајте го соопштението од ОРМ: https://socijalendijalog.mk/wp-content/uploads/2021/10/Soopstenie_ORM_Deloven-pojadok_Struga_14.10.2021.pdf

Организацијата на деловните појадоци е поддржана од проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, што е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот (МОТ) во рамките на проектните активности за комуникација и видливост на социјалните партнери.