ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС – ПРОФЕСИОНАЛНА ЕКСПЕРТИЗА ВО ОБЛАСТА НА ТРИПАРТИТНИОТ СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ – ревидиран

ВОВЕД И ИСТОРИЈАТ

Во повеќе извештаи за напредокот од Европската комисија се укажува на потребата за натамошен развој на социјалниот дијалог меѓу главните актери во економијата. Во оваа насока, Меѓународната организација на трудот и помага на земјата во нејзините напори за унапредување на социјалниот дијалог како суштински елемент на Европскиот социјален модел, што ги промовира конкурентноста, споделувањето на користите и зајакнувањето на економскиот просперитет и социјалната добросостојба. Оваа помош е канализирана преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, што се финансира од Европската унија и се спроведува од Меѓународната организација на трудот.

Општата цел на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог е да се подобри социјалниот дијалог како средство за создавање повеќе и подобри работни места. Ова ќе се постигне преку институционални и законодавни подобрувања, заедно со активности наменети за зајакнување на капацитетите на трипартитните актери за ефективно вклучување во социјален дијалог. Проектот се состои од три посебни компоненти, поточно:

Посебна цел 1 Зајакнато учество на ЕСС во обликувањето на националната програма за економски и социјални реформи
Посебна цел 2 Зголемено учество на локалните ЕСС во формулирањето и спроведувањето на локалните политики за вработување
Посебна цел 3 Зголемена ефективност на синдикатите и организациите на работодавачите

Компонента 1 има за цел да ги подобри функционирањето и видливоста на ЕСС преку осмислување методи за зголемување на неговото влијание и надминување на предизвиците во однос на финансирањето, носењето мислења и следењето на исполнувањето на неговите препораки/мислења/совети. Акцијата ќе го овозможи националното разгледување на неопходните промени на тековната правна и институционална рамка на ЕСС и ќе им помогне на трипартитните конституенти во наоѓањето посебно приспособени решенија за тековните правни и практични тесни грла.

Компонента 2 се фокусира на подобрувањето на социјалниот дијалог на локално ниво преку подобрување на структурата и функционирањето на локалните Економско-социјални совети (ЛЕСС) со можност за заживување на локалните совети што не се функционални.

Повик за изразување интерес во рамките на Компонента 1 и Компонента 2:

Зајакнато учество на ЕСС во обликувањето на економската и социјалната политика на национално и локално ниво

Овие повици за изразување интерес се наменети за наоѓање консултанти и/или консултантски друштва со искуство во областа на економијата, правото и индустриските односи кои ќе бидат заинтересирани за извршување на задачите што се детално опишани. Активностите ќе се координираат од страна на г-ѓа Кристина Михеш, виш специјалист за социјален дијалог и трудово право од канцеларијата на МОТ во Будимпешта.

Детали за повикот на следниов линк: Активност 1.1.1 1.4.2 2.1.4 – Повик за изразување интерес_МК