ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС: ПРОФЕСИОНАЛНА ЕКСПЕРТИЗА ВО ОБЛАСТА НА ПРЕТПРИЕМАЧКИ ВЕШТИНИ И ПРИСТАП ДО ФИНАСИИ

ВОВЕД И ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Економско-социјалниот совет (ЕСС) е единствената трипартитна институција за социјален дијалог на национално ниво, со консултативна улога за Владата при развој и спроведување на економско-социјални политики. ЕСС има советодавна улога и дава мислења и препораки до Владата за прашања поврзани со економскиот развој; политики за пазарот на трудот; политики за плати и цени во областа на трудовото и социјалното осигурување; социјална заштита; здравствена заштита; животна средина; фискална политика; работни услови и здравје и безбедност при работа; образование; култура; професионален развој, стручна обука и други области од економско-социјален интерес за работодавачите и работниците.

Бројни извештаи од Европската Комисија за напредокот на земјата укажуваат на потреба од понатамошен развој на социјалниот дијалог меѓу главните засегнати страни во економијата. Во оваа насока, Меѓународната организација на трудот ѝ помага на земјата во своите заложби да го унапреди социјалниот дијалог, како клучен елемент на Европскиот социјален модел, со кој се промовира конкурентност, споделба на придобивки и зајакнување на економскиот просперитет и социјалната благосостојба. Оваа помош се канализира преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Меѓународната организација на трудот.

Општата цел на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог е подобрување на социјалниот дијалог како средство за создавање повеќе и подобри работни места. Ова ќе се оствари преку зајакнување на институциите и законодавството, како и со активности насочени кон зајакнување на капацитетите на трипартитните засегнати страни за нивна ефективна вклученост во социјалниот дијалог. Проектот се состои од три конкретни компоненти, имено:

Конкретна цел 1 Зголемено учество на ЕСС во обликување на националната агенда за економско-социјална реформа
Конкретна цел 2 Зголемено учество на локалните ЕСС во формулирање и спроведување на локални политики за вработување
Конкретна цел 3 Зголемена ефективност на организациите на работодавачи и на работници

Компонента 1 има за цел подобрување на функционирањето и видливоста на ЕСС преку развивање на методи за зголемување на влијанието на ЕСС и надминување на предизвиците со финансирање, давање мислења и следење на последователните активности од препораките/мислењата/советите. Со активноста ќе се олесни националното размислување околу потребните промени во тековните законски и институционални рамки на ЕСС и ќе им се помогне на трипартитните чинители во процесот на барање соодветни решенија за тековните законски и практични тесни грла.

Повеќе информации можете да најдете на: Call for Expression of Interest – Access to Finance and Enterpreneurial Culture_MK