Анкета за претпријатија – ОРМ

Организацијата на работодавачи на Македонија спроведува анкета за претпријатија со цел да ја разбере состојбата, приоритетите и предизвиците кои произлегуваат од тековната криза предизвикана од КОВИД-19. Одговорите од анкетата ќе се искористат за да им се претстават прашањата за кои се загрижени претпријатијата на владините тела, финансиските институции и другите засегнати страни, во обид да се помогне во закрепнувањето на приватниот сектор.

Информациите што ќе ги дадете се анонимни и третирани со висока доверливост. Ова истражување е поддржано од Меѓународната организација на трудот (МОТ) преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија.

Ве молиме пополнете ја анкетата на следниот линк:

https://actemp.syd1.qualtrics.com/jfe/form/SV_exiJWGMjzo7AsAZ?Q_Language=MK