Анализа за ефективноста на ЛЕСС и комуникациска платформа

Во рамки на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот, се изготви анализа за функционирањето и ефективноста на Локалните економоско-социјални совети, која се заснова на извештаите од хоризонталната процена и поединечни интервјуа, спроведени од страна на МОТ консултант. Со цел да се презентираат наодите од анализата и да се договорат следните чекори во реализацијата на препораките во Скопје, на 29ти ноември 2019 г. се одржа работилница која беше посетена од претстваници на ЛЕССи од десет општини ширум земјата.

Другата тема на разгледување беше видливоста на ЛЕССи и подобрување на заедничката веб-страница со цел низ консултации да се утврди кои функционалности би можеле да се додадат за платформата да биде покорисна за членовите.