Акциска листа за БЗР во услови на КОВИД-19 за мали и средни претпријатија

Овој документ има за цел да понуди основни информации за спречувањето на КОВИД-19 на работното место, причинет од вирусот САРС-КоВ-2 што се шири низ целиот свет. Документот содржи Акциска листа за проверка за мали и средни претпријатија (МСП) за да се проценат ризиците од КОВИД-19 и информации за преземање мерки за да се заштити безбедноста и здравјето на нивните работници.
Иако се очекува дека овие мерки и препораки се корисни во случај на епидемија на други болести, во примената на Акциската листа на проверка некои сектори или претпријатија може да идентификуваат дека се потребни дополнителни контроли. Бидејќи сознанијата за вирусот и болеста постојано се развиваат, се препорачува алатките, мерките и политиките редовно да се ажурираат за да се обезбеди врвно превентивно и поправно дејствување, при што секогаш ќе се следат домашните закони и прописи.

Документот може да го најдете на следниов линк:

https://socijalendijalog.mk/wp-content/uploads/2020/12/MOT-BZR-cheklista-za-MSP.pdf